Легендарниот Мајк Тајсон има закажано борба на 28 ноември против Рој Џонс Џуниор, што ќе биде негова прва откако се пензионираше пред 15 години. Сега „Железниот Мајк“ има 54 години, а неговиот противник е три години помлад, но Тајсон е убеден дека би можел да се справи со уште многу помлади боксери кои момемнтно доминираат на светската профи-сцена.

Во последната изјава Тајсон вели дека би боксувал и со актуелните светски шампиони како Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

„Јас сум заинтересиран“, изјави Тајсон за ТМЗ на прашањето за потенцијалната борба против Џошуа.

„Ако тоа значи дека овој меч ќе има голем хуманитарен одзив, ок, јас сум за“, додаде Мајк, кој официјално не се борел од 2005 година.