Се се повторува. Па така се чини дека е можен нов бојкот во НБА, а причината е социјалната и расната битка во САД.

Откако обвинителството во Кентаки ја отфрли тужбата за убиство на било кој полицаец вмешан во мартовската смрт на Афроамериканката Бријана Тејлор, има големи негодувања во САД.

Посебно гневен беше Леброн Џејмс, кој не можеше да ја сокрие тагата по одлуката на судот, па затоа се огласи на Твитер:

“Личноста која најмалку ја ценат во светот е црномуреста. Ти ветувам дека ќе дадам се од себе тоа да го променам. Љубов за сите вас кралици“.

По ова веднаш почнаа шпекулациите дека токму Леброн, кој е во “војна“ со Доналд Трамп, ќе биде иницијатор на евентуален нов бојкот во НБА. Да потсетиме дека Лејкерси на Леброн играат во финалето во западната конференција со Денвер.