Досегашниот голман на Железничар, Ведран Ќосевски, ќе ги брани боите на Вележ Мостар.

Станува збор за голман кој е роден во Велес, но досега игра само во првенството на БИХ. Ги минува сите категории на Железничар, а има и преку 100 настапи во сениорскиот тим.

Интересно е што Ќосевски има и пасош на БИХ, и играл за помладите селекции на оваа земја. Еднаш беше повикан и за сениорите, но не забележа официјален настап.