Веќе на големи се пишува во странските медиуми за Алфонсо Дејвис играчот на БАерн Минхен и неговата животна приказна. Тој преку бегалските кампови во Гана и Либерија некако стигнува до Канада со своето семејство, кое било икслучително сиромашно.

Сепак, спасот Дејвис го барал во фудбалот иако тоа на почетокот не изгледало ветувачки. Тој одсекогаш како што и самиот тврди сакал да му помага на своето семејство околу финансиите често бил во потрага по работа. Аплицирал и во Мекдоналдс.

„Вие од Мекдоналдс, да знаете дека своевремено аплицирав за работа во една од вашите франшизи, но никогаш не добил повратен меил. Никаков одговор“ – напиша Дејвис на своите профили на социјалните мрежи.

Останатото во врска со младиот Канаѓанец е историја. Беше откриен од страна на Хасан Салихамиџиќ на еден од развојните турнири во САД и Канада и веднаш беше доведен во Баерн Минхен.