По одличниот старт и победата над Менхенгладбах во првото коло, Борусија Дортмунд доживеа „шок“ на гостувањето кај Аугзбург и загуби со 2:0. Удокаи во 40, и Калиѓури во 54. минута донесоа победа над големиот фаворит, кој остана со празни раце и во неверување. Ај пораз, но да не постигне гол, навистина е невидено, иако во нападот играа и Халанд и Санчо.

Во дербито Баер Леверкузен и Лајпциг, одиграа 1:1. Се се случуваше во првите 20 минути. Најпрво Форсберг донесе водство за гостите, а Демирбај израмни во 20. минута од средбата.

Изненадување е и победата на Арминија Билефелд во дуелот со Келн од 1:0. Борусија Менхенгладбах исто така беше изненадена од Унион Берлин, играјќи само 1:1. Мајнц на домашен терен загуби од Штутгарт со 1:4. Дарко Чурлинов остана на клупата за резерви.