Попладнево се одиграа сите пет мечеви од 5.коло во ВМФЛ – исток. Дербито во Неготино заврши без победник, 1:1, значи по бод за водечките Тиквеш и Брегалница. Стрелци беа Мишов и Мартин Стојанов. Кит Го успеа со 3:2 да слави во Македонска Каменица и тоа кај Саса. Алексовски, Андонов и Дујовски беа стрелци за победничката екипа, за домашните стрелаа Донов и Гоцевски. Плачковица беше убедлива против Росоман за триумф од 3:0, головите ги постигнаа Петровски, Јанкуловски и Тасевски. Супер интересно беше во Гевгелија, каде Кожуф ја победи Победа без да постигне гол иако тримфираше со 2:1. Имено и двата гола беа автоголови, во сопствената мрежата стрелаа Дебрешлиоски и Колески.

Осогово и Слога Виница, во локалното дерби одиграа без победник, 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

КАМЕНИЦА САСА – КИТ ГО 2:3

ПЛАЧКОВИЦА – РОСОМАН 3:0

КОЖУФ – ПОБЕДА 2:1

ОСОГОВО – СЛОГА ВИНИЦА 1:1

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1:1

ТАБЕЛА

1. ТИКВЕШ 11

2. БРЕГАЛНИЦА 11

3. СЛОГА В 8

4. КОЖУФ 8

5. ПОБЕДА 7

6. РОСОМАН 7

7.КИТ ГО 5

8. ПЛАЧКОВИЦА 4

9. САСА 3

10. ОСОГОВО 3