Кога играат Тиквеш и Брегалница, секако дека се останато во ВМФЛ – исток, е во втор план. Така ќе биде и денеска. Во рамките на 5.коло, денеска во Неготино, и тоа познати причини, со почеток во 15:30 часот се среќаваат Тиквеш и Брегалница. Двете убедливо најдобри екипи во оваа конкуренција, но само за едната има место за директен пласман во ПМФЛ. Но за тоа е уште многу рано да се дискутира, овие две екипи до крајот на сеозната уште двапати ќе ги одмерат силите, а има и уште многу натпревари да играат против останатите. Да, не е пресуден дуел денешниот, но е важен од психолошки аспект. Кој ќе победи ќе има предност од три бида, што секако дека не е мала работа.

Штета што нема да има гледачи, Ковид-19 и натаму беснее во Македонија. Ова дерби ќе мине без “фалангата“ и “лозарите“. Штета, ќе го нема тој навивачки шарм.

Во останатите мечеви Кит Го гостува во Каменица, кај Саса, одличниот Росоман и оди на Плачковица, во Гвегелија доаѓа Победа а во Кочани се игра локалното дерби меѓу Осогово и Слога Виница.

 

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО – ДЕНЕСКА 15:30 Ч

КАМЕНИЦА САСА – КИТ ГО

ПЛАЧКОВИЦА – РОСОМАН

КОЖУФ – ПОБЕДА

ОСОГОВО – СЛОГА ВИНИЦА

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА

ТАБЕЛА

1.ТИКВЕШ 10

2.БРЕГАЛНИЦА 10

3.ПОБЕДА 7

4.СЛОГА (В) 7

5.РОСОМАН 7

6.КОЖУФ 5

7.КАМЕНИЦА САСА 3

8.ОСОГОВО 2

9.КИТ ГО 2

10.ПЛАЧКОВИЦА 1