Дени Ингс со голот во 5. минута им донесе вредна победа на фудбалерите на Саутемптон на вечерашното гостување кај Барнли во меч од 3. коло во новата сезона на Премиер лигата. По два неуспешни обида во минатите две кола, „светците“ конечно ја најдоа формулата за победа.

Ингс прилично рано го отвори мечот, а Саутемптон успеа до самиот крај да остане со празна мрежа и да ги прокнижи првите три бода сезонава.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore