Попладнево во Неготино, во рамките на 5.коло во ВМФЛ – исток, се игра големото дерби помеѓу Тиквеш и Брегалница. Јасно е дека тоа се двете најдобри екипи во оваа конкуренција, екипи кои докрај ќе се борат за тоа прво место кое води во елитата. Штипјани и и кавадарчани сезонава трипати ќе се среќаваат, а денеска ќе го одиграат првиот дуел.

Брегалница гостува, до минатиот викенд момците на Добринко Илиевски имаа максимален учинок, но следуваше ремито дома со Осогово.

Сега е време за дерби, а свој коментар има стратегот на штипските “сини“ Добринко Илиевски…

“Дерби натпревар во кој очекувам добар и интересен фудбал. Петто коло е, само што започна првенството и не се оптоваруваме премногу со значењето на дербито. Наше е да влеземе максимално одговорно и мотивирано. Тоа што се игра во Неготино не значи ништо, само да е добар теренот. Сметам дека сме подобар тим и очекувам тоа да го покажеме на дело“ изјави за СПОРТМЕДИА тренерот на Брегалница.