Фудбалерите на Шалке по срамниот настап на отворањето на новата сезона на гостувањето кај Баерн (М) (7:0), денеска им приредија уште еден очаен меч на своите навивачи. На „Фелтинс арената“ на дуелот со Вердер, „кралско-сините“ беа поразени со убедливи 3:1, а единствениот гол им дојде како утеха во последните минути од средбата.

Вердер со головите на Фулкруг во 22. и 37. минута го доби првиот дел со 2:0, а во второто полувреме погоди и за 3:0 преку истиот фудбалер, кој запиша хет-трик во 59. минута, погодувајќи од пенал. Шалке почесниот гол го постигна во 93. минута преку Марк Ут.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore