Фантастичен меч одиграа вечерва екипите на Интер и Фиорентина во последниот саботен дуел од 2. коло во новата сезона од Серија А лигата. „Виолетовите“ се покажаа како извонреден ривал за избраниците на Антонио Конте, двапати водеа, но на крајот го положија оружјето.

Лукаку и Д’Амброзио со два гола во период од само две минути во самата завршница на регуларниот дел од мечот направија комплетен пресврт и од 2:3 за гостите, дојдоа до 4:3 за Интер за прва победа на „нероаѕурите“ сезонава.

Фиорентина поведе со голот на Куаме во 3. минута, а Интер возврати дури во финишот на првиот дел кога Лаутаро Мартинез израмни на 1:1.

 

Во вториот дел Интер прв погодува. Со автоголот на Чекерини домашните дојдоа до 2:1 во 52. минута, но Фиорентина брзо се враќа за 2:2 со голот на Кастровили само 5 минути потоа.

 

За мечот да добие нов пресврт се потруди Киеза кој погоди во мрежата на Хандановиќ во 63. минута и го донесе својот тим до ново водство.

 

Иако во самиот финиш средбата влезе со гол предност за гостите, Интер притисна, а Лукаку во 87. и Д’Амброзио во 89. минута со два гола направија целосен пресврт и овозможија први три сезонски бода за вицепрвакот.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore