Голем број тенисери беа дисквалификувани поради позитивен тест за коронавирусот, додека иако „лажно позитивниот тест“ е многу чест, организаторите не им дозволија на тенисерите на Ролан Гарос втора шанса. Така, Дамир Џумхур и Никола Милојевиќ останаа без шанса да учествуваат на Ролан Гарос, а прв кој го крена гласот против принципот на здраствените работници кои се задолжени за Отвореното првенство на Франција, е светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ.

Новак најпрво разговараше со печатот за состојбата со коронавирусот, а потоа ги спомена и дисквалификуваните тенисери.

„Ситуацијата со Џумхур се покажа како крајно лоша. Не само со него, исто така слушнав дека Вердаско е отстранет од ждрепката. Тој беше негативен во Хамбург, беше позитивен денес. Не разбирам зошто на играчите не им е дозволено да бидат ставени на нов тест 24 часа подоцна. Тие можат да чекаат во собата и да видат дали тестот е лажно позитивен или вистински“, рече Новак Ѓоковиќ.

Тој посочи дека во Синсинати, двајца играчи биле исфрлени од турнирот, а и двајцата потоа имале негативни тестови.

„Јас не сум медицински експерт, па да кажам што е правилно, а што не. Жал ми е за оние играчи кои дојдоа, се подготвија и беа негативни, а потоа дојдоа и беа позитивни затоа што можеби тие тестови не се добри“, заклучи светскиот рекет бр. 1.