Поранешниот српски репрезентативец и голман на Вардар, Страхиња Милиќ, се врати на паркетот по двегодишна пауза по заминувањето од Скопје.
Овој пат во дресот на белградски Партизан, популарниот Џамбо се врати на голот во меч од полуфиналето на „Куп Бранислав Покрајац“ против екипата на Динамо, кој неговиот тим го загуби со 22:26.