Лидс го совлада тимот на Шефилд Јунајтед во третото коло од Премиерлигата. Со тоа тимот во кој настапува Езџјан Алиоски, ја забележа втората победа во сезоната, и сега моментално е во горниот дел на табелата.

Алиоски го почна мечот од клупата, и влезе во финишот од средбата, во 91. минута. Голот Лидс го постигна нешто порано.

Инаку Алиоски и натаму го чека првиот настап како стартер во Лидс во Премиерлигата.