Само што започна првенството во Ла Лига одново на сцена се старите “проблеми“. Реал има помош од судиите, затоа победувал.

Јасно е дека синоќа “кралевите“ на контроверзен начин славеа кај Бетис и тоа со помош на ВАР, но исто така јасно е дека главните критичари за ваквиот однос на настаните се фановите на Барселона кои на „Твитер“ пишуваат дека Реал Мадрид има нов клупски грб, и дека секоја сомнителна одлука се пресудува во корист на Реал Мадрид.

Во секој случај и овој шампионат ќе биде интересен, и после секој меч на Реал, после секоја победа, ќе има “препукување“ од двете страни, а анти-Реал јавноста ќе има што да каже.