Сержињо Дест беше близу до потпис со Баерн Минхен, но во последен момент се променија работите. Талентираниот Американец договори соработка со Барселона до јуни 2025 година, трансферот ќе биде потврден во следните неколку часа.

Дест игра на позицијата десен бек и има само 19 години, претходно воодушеви со добрите партии во дресот на Ајакс, па го привлече вниманието на имиња како Баерн и Барселона.

Финансиските детали не се познато, но претходно Ајакс за неговите услуги бараше од од 15 до 20 милиони евра. Со неговото доаѓање ќе се потполни местото на Семедо, кој замина во Вулверхемптон.