Баерн ја прекина фантастичната серија од 32 победи по ред во сите конкуренции со вечерашниот дебакл на гостувањето кај Хофенхајм. Европскиот првак само неколку денови по освојувањето на Суперкупот на Европа се сопна на домашна препрека. Хофенхајм славеше со убедливи 4:1.

По 24 минути домашните имаа 2:0 со головите на Бичакчиќ и Дабур, во меѓувреме Кимих го намали резултатот но во вториот дел четата на Ханси Флик не успеа да спаси барем бод. Во игра влегоа Левандовски, Горецка, Коман но „Баварците“ не само што не извлекоа бод туку доживеаа дебакл. Андреј Крамариќ со два гола во финишот ги постави конечните 4:1.

Хрватот игра во неверојатна форма. На послед ните три меча реализира дури девет гола. Ако се брои и мечот од Купот против Четмицер тогаш бројката е 11 гола.