Не дозволи тимот на Барселона на домашен терен да биде изненаден од страна на Виљареал и целата оваа ситуација која што се случува во клубот да влијае на резултатски план.

Успеа Барса на стартот на шампионатот и на првиот меч под водство на Роналд Куман да триумфира со високи, убедливи 4:0 и тоа со головите на младиот Ансу Фати, Лионел Меси и автоголот на Торес.

Се беше говото за 45 минути, затоа што домашните на овој меч водеа со 4:0 уште на полувремето и веќе беше јасно се. Гостите ниту можеа на стартот ниту на полувреме, ниту пак во продолжението да се спротивстават на силниот ривал и можеа само да се надеваат дека Барселона нема да запне така силно како во првиот дел, па да им се случи катастрофа. Тоа не се случи, Барселона не постигна веќе ниту еден гол туку го приведе мечот кон мирен финиш.