Попладнево од 15 часот во Струга, тимот на Струга Трим Лум го дочекува составот на Шкупи, во еден од најинтересните натпревари во ПМФЛ во ова 7. коло. По ремито со Работнички во Скопје, и по триумфот над Силекс претходно, како да пораснаа амбициите во Трим Лум. Факт е дека овој тим предводен од тренерот Срѓан Захариевски игра добро, освојува бодови, а за тоа што може да се очекува од денешниот дуел со силниот Шкупи, свој коментар специјално за СПОРТМЕДИА има Блертон Шеји, младиот офанзивен бек и актуелен репрезентативец на Македонија до 21.година, секако и еден од најдобрите играчи на Струга Трим Лум.

„Мислам дека може да се очекува квалитетен натпревар, дуел на две квалитетни екипи. Струга Трим Лум игра добро на стартот од оваа сезона, имаме квалитет да го победиме Шкупи. Секако под услов да одиграме максимално и да ги испочитуваме задачите на напиот стратег Срѓан Захариевски. Имаме добар тим, реков играме добро и кога играме дома не стравуваме од никого. И денеска, како и на сите натпревари Струга Трим Лум ќе оди на победа, ќе видиме после натпреварот што сме сториле“, изјави Шеји.