ВАРДАР – БЕЛАСИЦА   3:1 (2:0)

Тренинг комплекс на ФФМ во Скопје.

Без гледачи.

Судија: Марјан Ецкоски.

Стрелци: Мирчевски 7’, Петровиќ 16’, Петковски 79’ (В) – Да Силва 55’ (Б).

Играч на натпреварот: Милован Петровиќ.

ВАРДАР: Илиќ, Чарлестон, Велкоски, Величковиќ, Мицевски, Петровиќ, Лазаревиќ, Најденов, Попзлатанов, Цветаноски, Мирчевски.

БЕЛАСИЦА: Силјановски, Бајрами, да Силва, Каланоски, Михаилов, Милушев, Митев, Паноски, Размоски, Серафимовски, Сулев.

 

Вардар дојде до нова победа, како рехабилитација за поразот од Македонија Ѓорче Петров минатото коло. На ФФМ „падна“ тимот на Беласица, кој и натаму останува без бодови, иако на овој меч го постигна својот прв и единствен гол.

„Црвено-црните“ дојдоа брзо до водство, а Беласица успеа да намали и еднаш да се закани. Но, во финишот беа отстранети сите дилеми околу победникот на овој меч.

ВАРДАРОВ БЛИЦКРИГ ЗА 2:0

Мирчевски, кој доби овој пат шанса во првите 11. носи водство во 7. минута за Вардар. Добра акија, Мирчевски егзекутор за вардарово водство, рано, со што на некој начин „црвено-црните“ се ослободија од притисокот.

Вардарци се доближија до победата во 16. минута. Нафрлена топка, а Петровиќ со глава ја погоди мрежата на Силјановски. Петровиќ не памети кога постигнал гол со глава, но ете му успеа во дуелот со Беласица.

ДА СИЛВА СО УБАВ ГОЛ НАМАЛИ

Во миговите кога Вардар, се чини, имаше контрола на мечот, ја имаше топката, и само чекаше некоја грешка на противникот за трет гол, Беласица намали. Да Силва од 25 метри шутираше прецизно во десниот агол, и погоди во голот на Илиќ, така враќајќи ја неизвесноста на мечот. Имаше Беласица уште еден обид преку Каланоски кој го одбрани Илиќ.

ПЕТКОВСКИ ГИ РЕШАВА СИТЕ ДИЛЕМИ

Нововлезениот Филип Петковски погоди од само 1-2 метри, по убавата акција на Цветаноски, и обидот на Петровиќ. Со тоа се чини дека победникот беше решен. Вардар ќе дојде до нова победа, а Беласица со уште еден пораз и натаму длабоко тоне кон експресно враќање во второлигашката конкуренција.