По слабиот настап, и поразот од Македонија ЃП во минатото коло, Вардар има одлична шанса да се рехабилитира. Имено попладнево од 15 часот на стадионот на ФФМ, момците на тренерот Александар Васоски ја дочекуваат Беласица, или очајната Беласица. Тим кој што во минатите шест кола има шест порази и постигнат само еден гол. Токму и затоа дојде до промена на тренерската клупа на струмичани. Имено младиот и неискусен Милков мораше да си поднесе оставка а на негово место дојде искусниот Шефки Арифивски, кој ќе се обиде да и донесе бодови на Беласица.

Вардар е голем, апсолутен фаворит, тука нема дилеми. И покрај силните проблеми кои што го имаше и ги има клубот, сепак Вардар тешко се победува, а Беласица денеска речиси и да нема никакви шанси.

Од друга страна традицијата вели дека Вардар секогаш си имал проблеми со Беласица. Досега овие две екипи одиграле 22 првенствени мечеви, а Вардар има само 9 победи, пет средби зваршиле без победник, додека Беласица има дури 8 победи. Гол разликата е 33:23 за Вардар.

Од ова произлегува дека вардарци треба да бидат внимателни, без разлика што против себе попладнево ќе ја имаат очајната Беласица.