Кристијано Роналдо на два пати погоди во екстра големото дерби на Италијанскиот шампионат помеѓу Рома и Јувентус кое се играше вечерва во Рим и кое заврши со реми 2:2.

Домашните на два пати водеа но сепак, пред себе го имаа Јувентус и непобедливиот Кристијано Роналдо кој еднаш од пенал, еднаш со глава успеа да погоди во противничката мрежа и да го спаси Јуве од пораз.

За домашние добро тргнаа работите кога Верето погоди од пенал, а Роналдо возврати на ист начин. Сепак, Верето пред полувреме повторно погоди по една контра, и на полувреме Рома замина со предност.

Един Џеко имаше две зицер ситуации но не успеа да ги реализира, па Кристијано Роналдо казни. Адриан Рабио направи глупост, стартуваше лошо врз Мхтаријан, што значеше и исклучување, но гостите и со десетмина издржаа во Рим и освоија бод.