Вечерва од 18 часот во рамките на редовното коло во Серија А, се игра и “македонско дерби“, и тоа помеѓу Наполи и и Џенова. Меѓусебе силите ќе ги одмерат ДИЈАМАНТОТ и ГРАНДЕ, Елиф Елмас и Горан Пандев. Секако дека тоа ќе биде причина повеќе за сите љубители на фудбалот во Македонија покрај ТВ екраните го проследат овој дуел меѓу Елмас и Пандев.

Јасно е, ова нема да биде нивни прв дуел во Италија. Во минатата сезона Наполи и Џенова играа во два наврати и во двата меча еден против друг се најдоа Македонците. Во првиот меч во Неапол на 9 ноември 2019 година беше 0:0, додека на вториот одигран на 8 јули 2020, наполитанците среде Џенова славеа со 2:1. И во двата настапија Елмас и Пандев, според резултатите Дијамантот е поуспешен, веројатно зошто игра и во поквалитетен тим.

Да се надеваме дека и двајцата ќе покажат што знаат, барем по еднаш нека ја затресат мрежата, да докажат дека се во добра форма пред историскиот дуел со Косово на 8 ноември во Скопје.

Да кажеме дека попладнево свој настап треба да има и Илија Несторовски, тој со својот Удинезе и гостува на Верона. Овој меч од Серија А започнува во 15 часот.