Мирчевски, Петровиќ и Петковски… Тоа се тројцата играчи кои што ја донесоа победата на Вардар над Беласица.

Навдум лесно, со мали проблеми на стартот на вториот дел кога Беласица преку Да Силва намали, а потоа имаше уште една закана, на крајот „црвено-црните“ сосема заслужено славеа триумф.

И покрај финансиските проблеми, ете Вардар уште еднаш покажува како тврд орев, и покрај тоа што Беласица оваа сезона е катастрофа, и не е ривал кој што може да направи проблеми, особено не на гостински терен.