Манчестер Сити доживеа вистинско фијаско во 3. коло на англиската Премиер лига и тоа на домашен терен. Изгуби од Лестер со 2:5!

Иако Ријад Марез го доведе Сити во водство, следуваа три гола на Џејми Варди од кои два од пенал (37, 54 и 58 минута), а Медисон во 77 минута погоди за 1:4 за Лестер. Во меѓувреме Аке намали на 2:4, а Тилеманс од пенал во 88 минута ги постави конечните 2:5.

Инаку Лестер стана првиот тим кој реализирал три пенали во Премиер лигата.

А ова е највисокиот пораз на Сити откако е во рацете на арапските газди исто така Лестер е првата екипа која му дала пет гола на тим предводен од Пеп Гвардиола.