АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 1:0 (0:0)
Стадион: „Благој Истатов“, во Струмица. Главен судија: Јосип Бартон. Помошници: Иса и Ѓоргески, тројцата од Тетово.
Делегат: Бранислав Јанушев од Скопје.
Ж. Картони: Серафимов, Трапановски, Димоски (А), Гроздановски, Нешовски, Серафимовски, Драшковиќ, Тимовски (С)
Стрелец: Кире Марковски 89’ пенал
Играч на натпреварот: Марио Маслаќ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Серафимов (Марковски 81’), Димов, Маслаќ, Николов (Томиќ 59’), Димоски, Велиновски (Талаков 81’), Илиев, Радески, Трапановски, Томовски.
СИЛЕКС: Божиновски, Драшковиќ, Гроздановски, Серафимовски, Мустафов (Нешовски 73’), Ристов, К. Костовски (Ф. Костовски 86’), Ѓуриќ (Горѓиев 62’), Додевски, Тимовски, Тантуровски.
Во самиот финиш, во последните секунди дојде голот на Академија Пандев и победата од 1:0 против незгодниот и жилав гостин од Кратово. Се играше 88 минута кога Додевски со рака го фаулира Кире Маркоски при нафрлена топка во петерецот на гостите. Фаул по кој судијата Јосип Бартон покажа на белата точка. Фаул по кој настана нервоза но и пенал по кој успешен реализатор е Кире Марковски кој со својот првенец носи големи – огромни три бода за Академија Пандев. Пресудниот момент спорен на гостите но снимката покажува дека контакт има, дека Додевски „падна“ на фаулот врз Кире Марковски.
Струмичани беа за нијанса подобри од Силекс во текот на сите 90 минути во кои имаа 2-3 закани кои немаа посакувана цел. Одбраната на „белите“ беше гранитна – Силекс не создаде ниту една конкретна прилика за гол. Во таквиот развој на настаните домашните дефанзивни играчи се уфрлаа во нападот. Пред да падне голот голема шанса имаше стоперот Маслаќ кој уфрлањето пред голот не го искористи за да ја погоди мрежата. Се најде во добра шанса, се фрли кон топката но ударот со нога го погоди само надворешниот дел од стативата.
Неколку обиди за Трапановски но сето тоа беше безопасно и без опасна закана по сигурниот голман Божиновски. На другата страна Алчевски остана без интервенција иако во 15 минута Силекс имаше прилика но Ѓуриќ не ја зафати нафрлената топка од Костовски.
ЗДОДЕВЕН НАТПРЕВАР, СИЛЕКС ВО „СЕРИЈА“
Дуелот помеѓу Академија Пандев и Силекс беше далеку под просечното прволигашко ниво. Здодевен меч со многу притисок и желба за победа на домашната екипа. Академија Пандев правеше многу технички грешки во играта, без конретни акции и завршница. Силекс мудро ги сопираше сите налети но во самиот финиш се урнаа нивните желби да стигнат до бод во Струмица. Домашните фаќаат приклучок кон останатите екипи на табелата но сеуште се во долниот дел а Силекс влезе во лоша серија и три порази во низ во домашниот шампионат. По Струга и Борец еве сега и Академија Пандев во серија го победува тимот од Кратово кој имаше одличен старт но еве сега не е како треба по настапите на тимот на евро-сцената.