Голема победа, и тоа од 3:1 под Шара на екипата на Македонија ЃП на гости кај Ренова. Добра партија на ѓорчепетровци кои го одиграа веројатно најдобриот натпревар сезонава и апсолутно заслужено ја победија Ренова која влегива во губитничка серија. Имено “гипсарите“ одамна немаат освоено бод, веќе неколку кола.

Уште во 10.минута се насети победата на гостите, кога по едно нафрлување од десната страна, Петров со убав гол со глава донесе водство на “лавовите“. Во 40.минута Емини, кој беше и играч на натпреварот, од пенал зголеми на 2:0. Претходно Демир беше срушен во казнетиот простор на домашните.

Ренова тргна на се или ништо, и доби ништо. Имаше посед на топката но завршницата беше лоша. Којзнае, можеби работите ќе се сменеа ако голот на Велиу, кој се чини беше чист беше признат од судиите кои покажаа офсајд. Во финишот Гавазај со убав гол намали на 1:2, но во последните секунди Воша стрелаше за конечни 3:1.

Да кажеме дека во 77.минута Македонија ЃП, откако Фернандо беше исклучен, остана со играч помалку. Но и тоа не им беше доволно на “гипсарите“ да дојдат барем до бод.

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3 (0:2)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: /. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Гавазај 90.(РЕН) Петров 11., Емини (п) 41, Воша 90+4, (МАК). Ж. Картони: Шаља, Гавазај (РЕН), Петров, Калди, Фернандо, Ковачев, Настевски, Воша (МАК). Ц. Картони: Фернандо 77. (МАК).

Играч на натпреварот: Сефер Емини (Македонија ЃП)

РЕНОВА: Велии, Шаља, Гавазај, Шефити (57. Јашаровски), Гафури, Рамадан (84. Стојчевски), Велиу, Мишковски, Фетаи, Велија, Мухарем (65. Садики).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Демир (90. Стошиќ), Атанасковски, Китановски, Личина, Божиновски (78. Воша), Калид, Филиповски (78. Настевски), Петров (63. Фернандо), Ковачев, Емини (90. Мишевски).