Ракометарите на Нант забележаа победа над Иври 30:24 на отворањето на сезоната во француското ракометно првенство. По триумфот над Кил во ЛШ, ова е втор триумф за Нант во новата сезона.

Нант водеше на целиот меч и заслужено победи. Кирил Лазаров со шест гола беше втор најефикасен играч во Нант, а имаше извонредна реализација од седум петри (пет од пет). Инаку Овничек беше најефикасен кај домашните со седум голови.