Очекувано, Шкендија со 3:1 успеа да слави во Битола кај Пелистер и да освои нови три бода. Лидерот покажа квалитет, одигра навистина добро и заслужено го освои “Тумбе Кафе“.

Сепак треба да се каже дека Пелистер на моменти беше одличен, домашните не се затворија, одиграа офанзивно, но толку можеа.

А се се чинеше поинаку во 5.минута кога домашните со голот од пенал на Танушев поведоа со 1:0. Водство кое ги охраври “пелистерци“. На Шкендија и требаше време да се “врати“, и кога се врати се знаеше дека ќе победи, дека кога тогап индивидуалните квалитети ќе си дојдат на своето место. Па така Ахмеди во 23.минута постигна евро – гол од слободен удар, следуваше мајсторијата на Дориев во 69.минута, кога од 16 метри шутираше прецизно, а мечот го “заклучи“ Ибраими со гол од пенал во 86.минута, инаку негов шести сезонава, четврти од белата точка.

Пелистер во неколку наврати можеше да стори нешто повеќе, но Кривак и Незири спасуваа двапати.

Се на се уште една добра партија на Шкендија и нова победа.

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1:3 (1:0)

Стадион под “Тумбе Кафе“ во Битола. Гледачи: /. Судија: Игор Стојчевски (Скопје). Стрелци: Танушев (п) 5. (ПЕЛ), Ахмеди 23., Дориев 69., Ибраими (п) 86.

Играч на натпреварот: Валон Ахмеди (Шкендија)

ПЕЛИСТЕР: Талески, Илиевски, Танушев, Спиркоски, Хот, Фазлиу, Пејаковиќ, Драгарски, Стојановски, Илиески, Алдаир Нето.

ШКЕНДИЈА: Захов, Павич, Кривак, Бејтулаи, Алими, Ибраими,Ахмеди, Дориев, Нафиу, Незири, Рамадани.