Екипата на Металург утринава заминува за Цирих по виза за место во групната фаза во Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда преку Истанбул ќе стигне до швајцарскиот град каде во вторник ќе го одигра реванш мечот против Криенс во рамките на второто коло во второто по ранг европско клупско натпреварување.

На првата средба во Скопје, избраниците на Зоран Кастратовиќ славеа со два гола разлика (26-24). Стратегот на Металург верува дека оваа позитива ќе биде доволна за заверка на местото во групната фаза каде пак директен пласман обезбеди Е.Пелистер.

Македонскиот клуб на првата пресметка влезе како голем фаворит, имаше шанса да дојде до поголема позитива, но пад во играта во второто полувреме го врати противникот во игра.

Дуелот меѓу Криенс и Металург е закажан со почеток во 18:45 часот.