Менаџерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер вчера го „пецна“ Жозе Мурињо по драматичната победа која ја оствари Јунајтед над Брајтон, порачувајќи дека добра вест за него е тоа што Португалецот не бил на теренот да ги мери головите (откако противникот пет пати ја погоди рамката од голот). А денеска Жозе Мурињо му возврати со коментар.

Денеска не ги мерев головите бидејќи знам дека истите се во ред. Оле вчера беше пресреќен и изненаден од тоа што се случи со неговиот тим. Тој се пошегува на моја сметка, а можам да кажам дека димензиите на голот не се важни за него, за него важни се димензиите на шеснаесетникот. Мислам дека тој претпочита да игра на терен каде казнениот простор не е 16 туку 20 метри“, порача Мурињо.

Со ова Португалецот алудираше на големиот број пенали кои ги добива Јунајтед.