Наполи ја „утепа“ Џенова совладувајќи ја со 6:0. Меѓу стрелците на голови за Наполи се впиша и Елиф Елмас кој погоди во 69 минута за водство од 5:0. Македонскиот интернационалец прими топка на работ од шеснаесетникот со финта се ослободи од двајца свои чувари и ја испрати топката во мрежата на немоќниот голман на Џенова.

А гостите од Џенова беа тотално демотивирани на мечот. Ниту Горан Пандев, кој влезе во 55 минута не успеа да ги разбуди своите соиграчи.

За Наполи два гола даде Лозано, по еден Зелински, Елмас и Политано.

Инаку, ова е најубедливата победа на Наполи против Џенова. Подобрен е претходниот рекорд од декември 2011 година кога тимот од Неапол славел со 6:1.

А Милан со головите на Кеси од пенал и на Брахим Диаз го совлада Кротоне во гости со 2:0. А во денешните мечеви Верона го победи Удинезе со 1:0 и Сасуоло ја „размонтира“ Специја со 4:1.