Во пингпонгарското првенство на Македонија се одиграа 4 и 5. коло.

Како бомба одекнаа двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски екипата на Младост 96. Ако во изминатите седум, осум години Станојковски имаше претрпено два порази, на денешните натпревари во еден ден два пати беше поразен. Во четвртото коло загуби убедливо со 3:0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА. И покрај поразите на Станојковски неговата екипа се осамостои на врвот на супер лигашката табела со пет победи од пет одиграни кола. Воедно поразите на Станојковски беа единствените загубени мечеви за екипата на Младост 96.
На дното на табелата е екипата на Струга која сеуште нема победа во најсилната конкуренција.

Кај прволигашите по изненадувачкиот пораз на фаворитот Рисови од Кочани на врвот на табелата се издвои битолски Мултитекс кој во денешните натпревари на два пати славеше со максимални 4:0. Мултитекс на табелата води пред Кочани и Рисови кои имаат по еден пораз. Дали така ќе остани и по шестото коло ќе одлучи натпреварот меѓу Рисови и Мултитекс

Кај сениорките екипата на Крива Паланка ја оправдува улогата на фаворит и без проблеми ги победува своите ривали.

Резултати супер лига:

IV КОЛО

Работнички – Младост 0:4

Струга – Радовиш 3:4

Вардар – Крива Паланка 2007 2:4

Нец – Младост 96 1:4

Шампион ФА – Нец 2 4:3

 V КОЛО

Нец 2 – Работнички 2:4

Младост 96 – Шампион ФА 4:1

Крива Паланка 2007 – Нец 4:1

Радовиш – Вардар 1:4

Младост – Струга 4:1