Завршија сите средби од 7.коло во ПМФЛ попладнево. Вардар лесно ја победи Беласица со 3:1, за одбележување е голот на Робсон за гостите. Шкендија губеше со 0:1 во Битола, но потоа Ахмеди, Дориев и Ибраими стрелаа за нова победа на лидерот. Македонија ЃП одлична под Шара, славеше над Ренова со 3:1. Кире Маркоски во 90.минута од пенал му донесе триумф на тимот на Академија Пандев а Струга Трим Лум со двата гола на Лена ја “смачка“ екипата на Шкупи.

Вчера Борец и Работнички одиграа без голови.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1:3

(Танушев (п) 5./ Ахмеди 23., Дориев 69., Ибраими (п) 86.)

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 3:1

(Мирчевски 7., Петровиќ 16., Петковски 79./ Робсон 56.)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2:0

(Лена 15., 60./)

А. ПАНДЕВ – СИЛЕКС 1:0

(Маркоски (п) 90.)

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3

(Гавазај 90./Петров 11., Емини (п) 41., Воша 90+3)

ВЧЕРА:

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0:0