Попладнево од 15 часот се играат петте мечеви од 7.коло во ПМФЛ. Да потсетиме вчера во Велес, на отворањето на колото, домашниот Борец и Работнички одиграа без голови.

Шкендија по поразот од Тотенхем и елиминацијата во Лигата на Европа  и дефинитивно се враќа на домашните обврски. Тетовци се лидери на табелата, секако дека сакаат да останат и натаму и тоа по гостувањето во Битола, кај Пелистер. Трите бода ќе бидат императив кај тимот кој што досега нема пораз под “Тумбе Кафе“ сезонава.

А. Пандев бара три бода против Силекс, тука нема дилеми. Струмичани мораат, ама баш мораат да триумфираат. Се чини дека сега е шансата, кратовци се во лузерска серија, никако не можат да ја пронајдат победничката форма на последните неколку мечеви, а посебно по европскиот пораз од Дрита. Во секој случај овој меч ќе биде интересен и крајно неизвесен.

Ренова игра добро, создава шанси, но тешко некако освојува бодови, и затоа се наоѓа на 10.место на табелата, и тоа само пред А. Пандев и Беласица. Место кое секако не е вистинското за амбициите на “гипсарите“. Со победа над Македонија ЃП некои работи ќе си дојдат на своето место, иако “лавовите“ покажаа дека тешко се игра против нив.

Вардар пак како домаќин против Беласица е апсолутен фаворит, тука нема дилеми.

Во секој случај очекуваме интересно неделно фудбалско попладне.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15 Ч

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС

ВЧЕРА:

БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0:0