Завршија првите полувремиња на денешните мечеви од 7.коло во ПМФЛ. Во Битола Пелистер и Шкендија играат убав фудбал, по еден гол на двете страни. Танушев рано му однесе водство на домашниот тим а Ахмеди со прекрасен шут од слободен удар израмни на 1:1.

Вардар игра моќно против Беласица на ФФМ. Со головите на Мирчески и Петровиќ вардарци водат со 2:0.

Струга ТЛ со голот на Лена има водство од 1:0 против Шкупи, а Академија Пандев и Силекс играат без голови.

Македонија ЃП изненадувачки води во Тетово, и тоа кај Ренова и тоа со 2:0. Прво Петров, а потоа и Емини од пенал за убаво водство за “лавовите“.