Струга Трим Лум и дефинитивно има игра, има екипа, и од коло во коло настапите на момците на стратегот Срѓан Захариевски, се се подобри и подобри. Попладнево на свој терен, во меч од 7.коло, стружани со двата гола Нијас Лена го победија Шкупи со 2:0 и освоија големи три бода.

Секако дека сум презадоволен. Да се победи еден Шкупи со 2:0 не е мала работа. Струга Трим Лум одигра токму онака како што се договоривме со моите играчи. Свесно им ја препуштивме иницијативата на гостите да си подаваат на својата половина. Она што требаше ние го искористиме во целост и затоа задоволството е големо кај мене. Искрени честитки за фудбалерите на Струга Трим Лум. Се гледа дека добро работиме, само да продолжиме во ваков стил“ изјави тренерот на стружани Срѓан Захариевски.