СТРУГА Т.Љ. – ШКУПИ  2:0 (1:0)

Градски стадион во Струга

Без гледачи:

Главен судија: Димитар Мечкаровски

Стрелци: Лена 14‘, 59‘ (СТЉ)

Играч на натпревар: Нијази Лена (СТЉ)

Ж.картони: Цаке, Лена (СТЉ) Диак, Илјази, Јунузаде, ривањева, Бианор (Ш)

СТРУГА Т.Љ.: Ѓуриќ, Цаке, Цветаноски, Лена, Касами, Мециновиќ, Османи, Ристевски, Шабани, Шеји, Таири

ШКУПИ: Наумовски, Бериша, Бианор, Биљали, Дарби, Диак, Гоудиаби, Илјази,  Исени, Кривањева, Јунузаде

 

Тимот на Струга Трим Љум и натаму на домашен терен максимално ја користи предноста и својува бодови против сите противници. Последен во низата кои падна на теренот на Трим Љум е тимот на Шкупи кој е совлада со 2:0. Ж

Главен играч во тримфот на домашните на овој меч беше Нијази Лена, искусниот офанзивец кој два пати стрелаше во противничката мрежа и успеа речиси сам да го совлада Шкупи.

Самиот меч стартуваше за домашните онака како што посакуваа. Во 14. Минута една акција од десно, ја доведе топлата на петерец, Лена најпрво со полуножички се обиде атрактивно, но не успеа. Карамбол со топката ја доведува истата повторно во негов посед, а Лена втор пат не греши. Погодува атрактивно со полуволеј за водство. Оумар Гоудиаби, ја имаше можноста за гостите во првиот дел, откако бидеше силно од десно но домашниот голман Ѓуриќ на место.

ЛЕНА ПОГОДУВА ПО ВТОР ПАТ

Речиси во идеален момент, на истекот на првиот час од натпреварот НИјази Лена по втор пат се запиша во листата на стрелците на овој меч откако повторно одличнон се снајде во притивничкиот шеснаесетник и заслужено го доведе домаќинот во војно водство.

До крајот на мечот домашните рутински го доведоа мечот до крај иако гостите изненадно во 80 минута можеа да вратат барем гол негатива. Алварез од слободен удар биеше прекрасно но Ѓуриќ одлично по втор пат спасува чист гол.