Какво деби за Атлетико на Луис Суарез. Пред неколку денови го облече дресот на „јорганџиите“ и на првиот меч блесна. Суарез влезе во игра во 70 минута на местото на Диего Коста и две минути подоцна му асистираше на Љоренте за гол, а во финишот и самиот постигна два гола и тимот од Мадрид победи со 5:1.