Елиф Елмас даде гол за Наполи на денешниот меч со Џенова. Македонскиот интернационалец стрелаше прецизно во 69 минута за 5:0. Хисај продре по десната страна и додаде до Елмас кој влезе во шеснаесетникот, исфрли двајца дефанзивци на Џенова и пласираше покрај немоќниот Маркети.