Тимот на Фрајбург одигра само 1:1 на домашен терен против екипата на Волфсбург во рамките од второто коло во Бундес лигата. Последниот натпревар денеска заврши со реми, иако домашните на овој меч преку Петерсен поведоа уште во единаесеттата минута. Сепак, гостите уште пред полувреме дојдоа до израмнување преку Хрватскиот интернационалец Јосип Брекало.

Фрајбург на тој начин дојде до четвртиот бод сезонава откако во првото коло беше поуспешен на гостински терен од Штутгарт со 2:3.

Волфсбург пак по ремито против Леверкузен без голови еве и денеска прокнижи нов бод.