Горан Пандев, иконата на мак – фудбалот и натаму е инспирација за медиумите, за фудбалската јавност, за сите кои онака или вака се во светот на фудвалот. ГРАНДЕ Пандев деновиве ја отпочна својата 17 сезона во Серија А, и во сите досега има постигнато гол. Одиграни 445 натпревари, одамна е и во историјата на Калчото.

Македонците сме горди што го имаме, а секој текст што ќе биде напишан од страна на останатите, посебно како што деновиве го опишаа Струмичанецот колегите од хрватскиот портал Телеспорт.телеграм.хр, секако дека заслужува внимание.

Во текстот се опишани речиси позначајни детали од неговата кариера, неговиот живот и секако збор – два за неговата Струмица.

Вреди да се прочита оваа бајка за НЕУНИШТЛИВИОТ Горан Пандев, како што го опишуваат.

Целиот текст може да го прочитате на овој ЛИНК.