Александра Симева и Горазд Србљак се државни прваци на Македонија во тенис. Денеска на терените на ТК „Југ“ во Скопје, денеска се одиграа финалните мечеви на македонското државно тениско првенство во кои Симева и Србљак инаку тенисери на ТК „Тенис парк“ беа подобри од претставниците на ТК „Југ“Ива Кузмановска и Калин Ивановски.
Симева која во финалниот меч во два сета со 7-5 и 6-1 ја победни Кузмановска, со што Симева ја одбрани шампионската титула освоена минатата година.
Во машкото финале иако Србљак го загуби првиот сет со 3-6 во дуелот со Ивановски сепак во следните два успеа да направи пресврт, па откако ги доби со 6-3 и 6-4 со конечни 2:1 во сетови се радуваше на шампионскиот трофеј.

За Србљак ова е четврта шампионска „круна“ во низа македонски државен првак.