Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, веднаш ќе реагира со купување на стопер по „катастрофата“ на неговиот тим од Лестер, и поразот од 2:5 на домашен терен. Според информациите, менаџерот на Сити, веќе е договорен со  Рубен Диаш од Бенфика, за кого ќе даде 68 милиони евра. Се чини дека трансферот е веќе готова работа, и се очекува да дојде до реализација уште денеска.

Исто така Гвардиола ќе го даде и својот стопер Николас Отаменди, за да го ангажира Диаш, но прашање е дали Отаменди би прифатил да игра во Бенфика, со оглед дека во минатото беше дел од Порто. Токму тоа во моментов е пречка околу преговорите, но и таа пречка ќе биде решена веќе денеска.

Диаш би требало да биде големо засилување за одбраната на Сити, која се покажа како ранлива уште на стартот од Премиерлигата, со петте примени голови. Токму отсуство на добри дефанзивци беше клучна и минатата сезона кога Ливерпул ја освои титулата во Англија.