После шест години, Мајами Хит повторно се најде во финалето во НБА Лигата, совладувајќи го Бостон со 125:113, и така со 4:2, ќе има можност да се бори за големиот пехар.

Ви синоќешниот натпревар, Мајами имаше водство речиси во текот на целиот меч, но Селтик успеа да направи пресврт на стартот од четвртата четвртина и во еден момент да има предност од шест разлика.

Сепак, во клучните мигови Мајами успеа од тие -6, да направи +14. Одличниот Бам Адебајо одигра уште еден одличен натпревар со 32 поени, 14 скока и пет асистенции.

Во големото финале Хит ќе играат со ЛА Лејкерс. Серијата почнува во среда кон четврток.