Секогаш кога еден клуб со традиција ќе направи обид да ја возобнови својата структура, да воскресне од Македонското фудбалски сивило, е потег за поздрав. Едноставно Македонија има премногу згаснати фудбалски реномирани имиња кои мора повторно да се вратат на мапата.

За тоа треба многу труд, работа, финансии но пред се желба која ете се роди повторно во Скопската населба Карпош. Третолигашот Локомотива има амбиција и намера повторно да биде фактор во домашниот фудбалки шампионат, па во таа насока е и потегот на сезоната што се вели. За тренер е доведен поранешниот Македонски интернационалец и репрезeнтативец со педесетина настапи за нашата селекција, Илчо Наумоски работи со екипата и ја подготвува за претстојниот шампионат.
„На големо мое задоволство прифатив да соработувам со раководните луѓе на Локомотива и да ја водам екипата во следниот период. Едноставно ми се допадна планот, визијата која ја имаат и според која сакаат да го водат клубот и кои во корелација и тесна соработка со оштината имаат визија од Локомотива повторно да направат клуб за респект. Во следниот период ќе се обидеме да ги исполниме сите планирани нешта како од организациски така и од структурален план, за Локомотива повторно да се врати онаму каде што и е и местото“ – вели Наумоски за Спортмедиа.

Третата лига би требало да стартува во најскоро време, се чека сеуште „зелено светло“ што се вели од Фудбалската Федерација на Македонија, а Локомотива се дотогаш напорно ќе тренира, и ќе се обиде да ја засили екипата со уште некој искусен и проверен играч.