Одигра одлично со Тотенхем, уште подобро вчера во Битола против Пелистер, но не може да избега од кучиња скитници во градот под Шара. Имено стоперот на Шкендија, Јан Кривак имаше интересна незгода, беше каснат од кучиња скитници и веднаш мораше да оди на лекар каде се санираше “повредата“. Интеренационалецот од Словачка ова не го очекуваше, но ова е Тетово, ова е Македонија, и се е можно, нели.

Инаку познато е дека во Тетово има наезда на кучиња кои никој не се грижи за нив, ниту пак има некоја акција од градските власти за намалување на проблемот. Денеска настрада Кривак, а следниот којзнае кој ќе биде.