На заедничкиот состанок на раководството на Кошаркарската федерацијата и Здружението на прволигашите, денеска беше  направена измена во календарот за натпревари. Според одлуката, новата сезона во Првата лига за мажи ќе почне на 10 октомври.

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига ќе почне седум дена подоцна, поради актуелниот момент со пандемијата, па двете страни донесоа заедничка одлука дека е потребно одложување на стартот на новата сезона за седум дена.