Италијанскиот второлигаш Монца се пофали со најновото засилување, искусниот Кевин-Принс Боатенг кој дојде од Фиорентина со што им се придружи на своите поранешни работодавци, екс-лидерите на Милан Силвио Берлускони и Адријано Галијани.

По 30 години во Милан, Берлускони и Галијани решија да се повлечат и сега ја градат Монца кој оваа сезона игра во Серија Б, а минатата беше во Серија Ц.

Ганецот потпиша едногодишен договор со опција да го продолжи договорот на уште една година. Тој е 11. нов играч на клубот ова лето. Нови играчи се Мирко Мариќ, Карлос Аугусто, Хозе Мачин, Дани Мота, Кристијан Гиткер, Андреа Палаци, Андреа Барберис, Џулио Донати, Еторе Глиоци и Антонино Бариља. Од утре нов играч на Монца ќе биде и 19-годишниот Антонио Марин кој доаѓа како позајмен играч од Динамо Загреб со тоа што Италијанците можат да го откупат за 6 милиони евра.

Боатенг во Монца ќе работи со тренерот Кристијан Броки со кого играше во Милан.