Како што и најавивме минатата недела, утре точно во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вкупно 16 екипи ќе очекуваат “полесен“ ривал за да ја минат и оваа пречка. Инаку за разлика од минатите години, и тоа поради Ковид-19 ситуацијата, ФФМ направи мали промени во пропозициите, и тоа пред извесно време за што јавноста беше информирана, а ние само да потсетиме. Имено се до финалето ќе се игра само по еден меч, нема како лани во 1/8, ¼ и ½ да има по два меча, туку само 90 минути и толку. Нема продолженија и веднаш ќе се изведуваат пенали во случај на нерешен резултат, како што беше во првата или 1/16 финалната фаза.

Најинтересно е следното. Имено со оглед на тоа дека се игра еден меч, еве да земеме пример да се паднат Вардар – Шкендија, домаќин ќе биде онаа екипа која во минатото коло била гостин. Ако и двете екипи биле домаќини или гости, тогаш ќе се игра како што ќе каже ждрепката. Поточно, на пример се паѓаат утре Кит Го – Работнички, домаќин треба да бидат пехчевци, но нема да биде така, ќе се одреди Работнички за домаќин зошто во минатото коло пехчевци играа дома, а Работнички гостуваше. Додека оние екипи беа слободни минатото коло ќе бидат без приоритет, каде ќе им се падне таму ќе играат.